СКАНДАЛ: Американски политичар во притвор поради детска порнографија

Сенаторот од Пенсилванија Мајкл Фолмер е уапсен поради обвинувања дека поседувал материјал со детска порнографија, соопшти канцеларијата на државниот обвинител на Пенсилванија.

Фолмер еден ден претходно поднесе оставка од сенаторската функција, откако беше објавено дека ќе биде обвинет за детска порнографија.

Иследници пронашле две фотографии со детска порнографија во мобилниот телефон на Фолмер откако добиле дојава од еден провајдер на социјални мрежи.

Сајтот „Тумблр” во февруари испратил жалба до американскиот Национален центар за исчезнати и злоставувани деца во која навел дека еден корисник во декември 2017 снимил најмалку една фотографија со содржина за која се сомнева дека е детска порнографија.

Иследниците така дошле до профилот на Фолмер на „Тумблр”, како и до неговата домашна и имејл адреса.

– Мајкл Фолмер изјави дека имал некои лични проблеми и оти детската порнографија му била испратена преку неговиот блог на „Тумблр”, напиша во судскиот регистар еден од службениците во канцеларијата на обвинителот на Пенсилванија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот