Фото: EPA-EFE/Ronald Pena R.

Скалони пред мечот со Исланд: Меси ќе игра, само не знаеме колку минути

Лионел Меси (38) дефинитивно ќе биде на теренот на пријателскиот натпревар на Аргентина против Исланд во ноќта меѓу вторник и среда во 03.00 часот по македонско време, последниот тест за „гаучосите“ пред Светското првенство.

Ова го потврди Лионел Скалони, селекторот на актуелните светски шампиони:

– Меси ќе игра, но не знам колку минути. Ќе разговарам со него на тренинг, па ќе процениме заедно. Дефинитивно нема да ризикуваме, иако Меси сега е здрав – се зборовите на Скалони.

Еден од најдобрите во историјата доживеа повреда на задната ложа во својот последен натпревар за Интер Мајами. За среќа на националниот тим, не станува збор за нешто посериозно.

Дуелот помеѓу Аргентина и Исланд ќе се игра во Обрн, Алабама. Аргентина ја брани титулата светски шампион од Катар во 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот