„Скај“: Што планираат Јуве, Рома, Интер, Милан, во зимскиот преоден рок 2020?

Емре Џан, Френк Кесје и Дрис Мертенс се помеѓу играчите на трансфер пазарот во Серија А кои би можеле оваа зима да имаат нов клуб.

Италијанскиот „Скај“ открива што планираат врвните клубови во Серија А да прават во текот на зимскиот преоден рок 2020 кој во Италија започнува на 2 јануари, а завршува на 31 јануари.

Се очекува на трансфер пазарот во центарот на вниманието да бидат Емре Џан, Френк Кесје и Дрис Мертенс.

– ЈУВЕНТУС –

Не се очекува во Торино нови трансфери барем не во зимскиот период, иако беше објавено дека Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски би можел да го облече дресот на „Старата дама“

Познато е дека си замина Марио Манџукиќ во Катар, заедно со Хрватот и Емре Џан се очекува да го напушти Јуве, а Даниеле Ругани не е среќен поради малиот број на мечеви, но клубот ќе му дозволи да си оди само доколку биде пронајдена замена. Се знае дека Џорџо Кјелини е надвор од терените до март 2020.

Прочитајте и...  Лука Дончиќ е суперѕвезда во НБА, неговиот дрес е втор најомилен кај фановите

– ИНТЕР –

„Неро-аѕурите“ се во потрага по нов играч од средниот ред, на „радарот“ се наоѓаат Артуро Видал од Барселона и Родриго Де Пол од Удинезе.

Како лев бек го посакуваат Маркос Алонсо од Челзи, а како напаѓач Фернандо Љоренте од Наполи (размена со Матео Политано) или Оливие Жиру (Челзи). Можно е од „Џузепе Меаца“ да си одат Политано и Матиас Весино.

– ЛАЦИО –

„Небесно-сините“ испаднаа од Лига Европа, но и покрај тоа, сакаат да ги освежат одбраната и средниот ред. Една од желбите е дефанзивецот на Верона, Мараш Кумбула.

На позајмица би можеле да заминат косовскиот репрезентативец Валон Бериша (26) и Холанѓанецот Боби Адеканје (20) кој дојде од академијата на Ливерпул.

Прочитајте и...  Што сакаш на унапредиш во играта? СЕ!
фото:твитер

– НАПОЛИ –

„Наполитанците“ кој имаат нов тренер, Џенаро Гатузо, го меркаат словачкиот играч од средниот ред, Станислав Лоботка од Селта Виго кој има откупна клаузула од 50 милиони евра во договорот.

Клубот од „Сан Паоло“ се обидува да ги продолжи договорите на Никола Максимовиќ, Пјотр Зиелински, Аркадиуш Милик, Алан и Фабиан Руиз, а за овој последниот има интерес од Реал Мадрид, Барселона и Манчестер сити.

Погледите ќе бидат насочени кон Хозе Каљехон и Дрис Мертенс чии договори истекуваат наредното лето.

twitter/driesmertens

– МИЛАН –

Сите го очекуваат „најавениот“ камбек на Златан Ибрахимовиќ, а можно е на „Сан Сиро“ да дојде и одбранбениот играч на Барса, Жан-Клер Тодибо, а за него Каталонците бараат 25 милиони евра.

Прочитајте и...  Реал едвај го победи Ваљадолид, Винисиус Жуниор погоди за три бода (ВИДЕО)

„Росонерите“ сакаат да си замине Рикардо Родригез, претходно ја одбија понудата на Фенербахче за позајмица. Од клубот би можеле да си заминат Фабио Борини и Френк Кесје. За интернационалецот од Брегот на Слоновата коска Милан бара 30 милиони евра.

twitter/BBC Sport

– РОМА –

Римската „волчица“ сака да ја скрати позајмицата на Никола Калиниќ од Атлетико Мадрид и бара нов напаѓач.

Десниот бек кој може да игра и во средниот ред, Алесандро Флоренци иако се чинеше дека е надвор од тимот на Паоло Фонсека, настапи на последните три дуели во Серија А и еден натпревар во Лига Европа, па би можеле да го задржат него барем до наредното лето.

Прочитај повеќе

УЕФА дозволи враќање на навивачи на стадионите

Слободен печат

Што сакаш на унапредиш во играта? СЕ!

Слободен печат

УЕФА: Најдобрите фудбалери играат во Баерн Минхен, главното признание за Левандовски

Слободен печат

ЛШ: Жрепката ги спои Роналдо и Меси, Јувентус и Барселона ќе играат еден против друг

Слободен печат

Лука Дончиќ е суперѕвезда во НБА, неговиот дрес е втор најомилен кај фановите

Слободен печат

Федерер откри кога се враќа на терените

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Леброн си купи нова куќа, цената е права ситница: 37 милиони долари (ВИДЕО)

Слободен печат

Нема приоритети кај Клоп : Сакаме да освоиме се

Слободен печат

Ролан Гарос: Ѓоковиќ ексресно за 83. минути обезбеди пласман во третото коло

Слободен печат

Серија А: Одложен натпреварот помеѓу Џенова и Торино!

Слободен печат

Изненадување на „Ролан Гарос“, елиминирана втората носителка! (ВИДЕО)

Слободен печат

Дест е новиот играч на Барса со клаузула од 400 милиони евра! (ВИДЕО)

Слободен печат