„Скај њуз”: Британија го намалува персоналот во амбасадите во Техеран и во Багдад

Во извештајот се наведува дека повлекувањето на дипломатите е превентивна мерка и не е последица на заканите.

Велика Британија го намали персоналот во амбасадите во Ирак и во Иран на минимум, по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во американски воздушен напад, јави „Скај њуз”, повикувајќи се на дипломатски извори.

Во извештајот се наведува дека повлекувањето на дипломатите е превентивна мерка и не е последица на заканите.

Амбасадорите Роб Макер во Техеран и Стивен Хикеј во Багдад ќе останат на своите места.

Портпаролот на Форин офисот изјави дека амбасадите во Багдад и Техеран остануваат отворени, но одби да ги коментира оперативните информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот