СЈО: Спремни сме да ги предадеме предметите на ОЈО

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

„Ја известуваме јавноста дека од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставен е допис во кој е наведено дека согласно член 6, став 5 од Законот за СЈО, неопходно е ова Обвинителството  да преземе дејствија за предавање на предметите во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението од СЈО објавено на нивната веб страница.

Во соопштението се наведува дека постапувајќи по дописот, до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставено е известување дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази.

За останатите детали околу примопредавањето на предметите, од СЈО посочуваат ќе информираат дополнително.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот