СЈО се огласи по одлуката на ЈО да ги преземе предметите

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Откако денеска ОЈО објави официјално соопштение во кое пишува дека ќе им ги преземат сите предмети, „Слободен печат“ побара став од Специјалното јавно обвинителство.

– Ние одлука формално не сме добиле, така да кога ќе ја добиеме верувам дека ќе искажеме и конкретен став – изјави обвинителката Ленче Ристовска за „Слободен печат“.

Инаку, Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева претходно од Шутка испратила писмо до СЈО со барање сите нивни истраги да бидат префрлени во Републичкото јавно обвинителство кај Љубомир Јовески.

„Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на одржаниот Стручен колегиум на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија на 05.09.2019 година, го разгледа Известувањето испратено од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите доставено преку судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје и Известувањето од јавни обвинители на тоа обвинителство, при што зазеде став да ги преземе,  во надлежност и натамошно постапување предметите кои ќе му бидат предадени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Ваквиот став е заснован на уставната положба на Јавното обвинителство како единствен државен орган надлежен за гонење на сторителите на кривичните дела и на други со закон утврдени казниви дела, начелото на легалитет на кривичното гонење, според кое јавниот обвинител е должен да преземе кривично гонење, ако постојат докази дека е сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, како и обврската во име на општеството да се грижи за ефикасноста на кривично – правниот систем, почитувајќи го принципот на правна сигурност на граѓаните како темелна вредност на владеењето на правото.“ , стоеше во денешното соопштение од ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот