СИТУАЦИЈАТА ВО ТБИЛИСИ НЕ СТИВНУВА: Полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите

Фото: David Mdzinarishvili/TASS/ Profimedia

Ситуацијата во Грузија не стивнува, откако денес во главниот град Тбилиси повторно се одржуваат протести на кои демонстрантите бараат предвремени избори, а полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги одврати од зградата на Парламентот.

Еден дел од полициските сили за разбивање на демонстрациите се распоредени на главната авенија во Тбилиси, додека други се обидуваат да ги спречат демонстрантите да влезат во зградата на Парламентот.

Ова е втор ден протести кои почнаа откако Парламентот минатата недела не успеа ги усвои планираните изборни реформи, односно преминување на целосна пропорционална застапеност од сегашниот мешан систем.

Полицијата уапсила неколку демонстранти, а организаторите тврдат дека се приведени десетина лица.

Вчера во Тбилиси демонстрираа околу 20.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот