Ситуацијата во Сирија го загрижува и првиот човек на Обединетите нации

Фото: Профимедиа

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изрази длабока загриженост околу ситуацијата во североисточниот дел на Сирија, каде денеска започна турска воена интервенција.

Тоа го соопшти заменикот на официјалниот претставник на генералниот секретар, Фархан Хак.

– Генералниот секретар на ОН е сериозно загрижен поради моменталните случувања во североисточниот дел на Сирија. Сите воени операции треба да се спроведуваат согласно уставот на ОН и нормите на меѓународното хуманитарно право и треба да се гарантира безбедноста на граѓаните и цивилната инфраструктура – истакна Хак.

Според него, генералниот секретар Гутереш нагласил дека конфликтот во Сирија не треба да се решава со повеќе воени активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот