Ситуацијата во Хрватска се влошува: Нови 116 случаи на коронавирус

Хрватска ковид/ Фото EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во Хрватска денеска се регистрирани 116 новозразени со Ковид-19, што е најголемо дневно зголемување од почетокот на епидемијата и воедно, првпат бројот на новодијгностицирани е троцифрен.

Бројот на активни случаи во земјата изнесува 1038, соопшти Кризниот штаб.

По средбата со научниот совет и Штабот за цивилна заштита во Владата, хрватскиот министер за здравство Вили Берош рече дека сега се разгледуваат многу мерки, но и многу построги услови за влез во земјата.

Тој рече дека се размислува и за задолжително носење маски во одредени продавници или угостителски објекти, но дека сето тоа детално ќе биде објавено во текот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот