Ситуацијата во Албанија е загрижувачка: За првпат троцифрен бројот на новозаразени од Ковид-19

Тирана, Албанија, 2020 / Фото: Gent SHKULLAKU / AFP / Profimedia

Во Албанија во последното деноноќие регистрирани се 117 новозаразени со Ковид-19, што е прва троцифрена бројка од појавата на пандемијата.

Но, паѓа во очи и зголеменот бројот тестови направени во едно деноноќие. За разлика од досега кога максимум се правеа до 420 сега извршени се 585 тестови.

Во последните 24 часа починати се двајца пациенти во Инфективната клиника, со што бројката на починати се зголеми на 95.

Паралелно со зголемувањето на бројот на новозаразни се зголемува бројот на хоспитализирани или 85, од кои 10 се на интензивна терапија, додека четворица се интубирани и се во тешка здравствена состојба.

Поради трендот на зголемување на лицата кои треба болнички да се лекуваат, Министерството за здравство и социјална заштита болницата „Шефќет Ндроќи” повторно ја претвора во Ковид болница.

Од почетокот на пандемјата, во почетокот на март, досега направени се 32.938 тестови, а позитивен резултат е добиен кај 3.571 лице, од кои во списокот на оздравени се внесени 2.014, активни на болеста се 1.462 лица.

По предлог на Комитетот експерти за справување со пандемијата, Владата се очекува да донесе одлука со која носењето заштитна маска ќе биде задолжително, а неносењето парично ќе се казнува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот