Ситуацијата со пожарите во Австралија станува КРИТИЧНА: Очајни семејства со МЛЕКО И СОК ОД ПОРТОКАЛ го гасат огнот

Фото: Darren England/ EPA

Очајните семејства во Квинсленд, каде во изминатиов период избувнаа над 50 пожари, во недостаток на вода, се обидуваат да го изгаснат огнот со секоја течност која ја имаат во фрижидер.

Пожарите и натаму беснеат во оваа австралиска држава, а врелото и суво време не ветува олеснување на ситуацијата.

Десетици куќи се уништени во областите околу Јепун, во централен Квинсленд. Стотици луѓе биле принудени да ги напуштат домовите во зафрлените шумски подрачја и да побараат засолниште во релативно побезбеден град на брегот.

Некои, меѓутоа, останале дома до последен момент, користејќи се што им било на располагање за да го изгаснат огнот.

Џон Мекграт, кој имал фарма за крокодили во Јепун, изјавил дека овие пожари го потсетуваат на оние во Канбери, во 2003 година, кога биле уништени 550 домови.

– На полноќ разговарав со еден добар пријател, кој остана без струја и го гаснеше огнот со кофа. Целиот предел околу неговата куќа е изгорен – рекол тој.

– Слушнав и дека некои луѓе се обидуваат да го изгаснат огнорт со млеко, сок од портокали и со која било течност која ќе им се најде во нивниот фрижидер. Тие се очајни – додал тој.

Многу луѓе погодени од страшните пожари биле принудени да се спакуваат и да побегнат само за да си го спасат животот.

Кенгури, змии и други животни биле евакуирани од зоолошката градина во Кубери Парк, иако на спасувачите им останало малку време да ги спасат кенгурите.

Опаснсот од пожари во Австралија постои упте и во местата Корабол, Бунгундара, Меривеј и Лејк Мери, каде 53 противпожарни екипи и 11 авиони се борат со огнената стихија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот