Ситуацијата со ковид-19 во Австралија се смирува, властите ги ублажуваат ограничувањата

Австралија Мелбурн фото ЕПА

Од денеска, животот полека се враќа во нормала во Австралија, а со оглед на тоа дека епидемијата на коронавирус се смирува и речиси нема нови случаи, властите одлучија повторно да го отворат меѓудржавниот сообраќај и да ублажат некои ограничувања.

Нема нови случаи во Јужна Австралија, која беше епицентар на епидемијата минатата недела, а има 37 активни случаи, па вонредната состојба беше укината пред предвидениот рок.

Во соседната држава Викторија, маските повеќе не се задолжителни на отворено и се дозволени поголеми јавни собири.

Во Викторија нема нови случаи на ковид-19 веќе 23 дена, а истото важи и во најнаселената држава Нов Јужен Велс, каде што немало нови инфекции веќе 15 дена.

Властите соопштија дека биле регистрирани само 12 нови случаи на коронавирус меѓу патниците, кои се во карантин во хотелите.

Со околу 27.800 случаи на ковид-19 евидентирани досега, Австралија е поефикасна во борбата против инфекцијата од многу други развиени земји.

Се проценува дека во моментов има 88 активни случаи на лица заразени со вирусот во целата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот