„Ситуацијата се искомплицира“: Контроверзниот Џордан Питерсон се заразил со корона во Србија!

Џордан Питерсон / Фото: Channel 4 News принтскрин

Контроверзниот канадски психолог, професор и автор Џордан Питерсон се заразил со ковид-19, открива неговата ќерка Микаила за британските медиуми, а пренесе National post.

„Ќе биде подобро, но ова е дефинитвно чекор назад и е навистина несреќна ситуација…навистина е катастрофа“, вели Микаила Питерсон.

Џордан Питерсон се стекна со проминентност откако протестираше против Bill C-16 (Закон за изменување и дополнување на родовиот идентитет во канадскиот акт за човекови права и Кривичниот законик). Исто така, тој има голема публика на јутјуб, каде се пласираат видеа од неговите универзитетски предавања, а светската јавност го препознава и по бестселерот “12 Rules for Life” (12 правила за живот).

Питерсон се повлече од јавноста претходно годинава, откако патуваше во Русија за да побара третман за лечење од зависност на бензодијазепини, тип на лекарства кои се издаваат на рецепт за третирање на анскиозност и несоница, најчести брендови се Валиум, Ативан и Занакс. Неговата ќерка соопшти дека ги користел за да третира автоимуна болест и анксиозност.

Откако Питерсон ја напуштил државата за третманите, Микаила Питерсон за National Post изјави дека нејзиниот татко бил во медицински индуцирана кома бидеќи руските лекари имале „смелост за тоа, да направат детокс на човечкото тело од бензодијазепини“.

Микаила Питерсон вели дека татко и се заразил со Ковид-19 во српска болница, каде се опоравувал од рускиот третман, но во меѓувреме развил и симптоми на пневмонија.

„Тој беше заштиен и го ставија на буквално се’… Не знам дали тоа беше потребно, бидејќи немаше силни симптоми, туку само млака температура, не ни кашлаше….“ вели Микаила и истакнува „И сега сме неколку чекори наназад во неговото лекување. Ситуацијата се искомплицира, животот едноставно не е добар – работите не се „океј“ во моментов“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот