„Ситуацијата не е на задоволително ниво“: Хрватска ги продолжи мерките до 15 февруари

epa08840912 Citizens wear protective face masks in Zagreb, Croatia, 25 November 2020. Croatia reported a new record in Coronavirus cases of new 3603 COVID-19 cases and 56 deaths on 25 November 2020. EPA-EFE/ANTONIO BAT

Хрватска денеска ги продолжи епидемиолошките мерки до 15 февруари, меѓу кои и понатаму се затворени кафулињата, рестораните и теретаните, со што предизвикаа незадоволство кај угостителите, кои најавуваат протести.

Шефот на кризниот штаб, Давор Божиновиќ на прес-конференција рекол дека се надева дека нема да дојде до протест, бидејќи според него нема причини за тоа.

– Мерките се само продолжување на оние кои се на сила веќе два месеци и во тие два месеци дојдовме до јасен пад во бројките на новозаразени, вели Божиновиќ.

Тој додал дека и покрај падот на бројките на новозаразени епидемиолошката ситуација не е на задоволително ниво.

ВО последните 24 часа во Хрватска се пријавени 29 смртни случаи и 561 новозаразено лице со коронавирус, соопшти Државниот штаб.

Во Хрватска има 3.117 активни случаи на коронаврус, од кои 1.286 се хоспитализирани, а 121 пациент е на респиратор.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот