Ситуацијата е сѐ подобра: Нивото на водата во Охридското Езеро расте по сантиметар дневно

Дожд во Охрид / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Врнежните од дожд изминатиот период значајно ја подобрија хидролошката состојба во охридскиот регион. Нивото на Охридското Езеро постојано расте, така што според денешните мерења се наоѓа на 693.35 метри надморска височина, што е на 25 сантиметри над минимално дозволената кота од 693.10 метри односно шест сантиметри под просекот за месец јануари.

Температурата на езерската вода измерена утрово е шест степени Целзиусови или еден степен под месечниот просек за февруари.

На крајот на ноември, неповолната хидролошка состојба предизвикана, пред сѐ, од долготрајни сушни денови и мошне малку врнежи есента, придонесоа нивото на езерото да стигне дури до 693,09 м.н.в. или сантиметар под дозволениот минимум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот