Ситуацијата е катастрофална, Заев ги разбуди апетитите на опозицијата, вели професорот Тоновски

Професорот Ѓорѓи Тоновски, во коментар за Алсат по повод последните политички случувања во земјава, изјави дека оставката на Заев ги разбудила апетитите на опозицијата и создала можности за нивната цел за освојување на власта.

Според Тоновски, политичката ситуација е катастрофална, затоа што земјата се соочува со енергетска криза, пандемијата, невработеност, иселувања, а на повидок се и предвремени парламентарни избори и процедурите за формирање влада, кои може да траат долго време.

„Мислам дека тешко дека можеме ние да се надеваме дека еден човек или неколкумина, сега би можеле да засукаат ракави во некаква техничка Влада или не знам во некаква нова Влада на постојната коалиција, дека и би можеле да понудат решение во рок од две години да се надминат овие проблеми. Мислам дека најдобро е ако ефикасно и брзо се организраат предвремени избори и да почне една сериозна Влада, сериозно луѓе да ја преземат одговорноста за натамошниот развој на Македонија“, вели Тоновски.

Предвремените избори мора да ги организира техничка влада, вели Тоновски и додава дека функциониерите на таа влада мораат да ги извршат своите обврски за земјата да не назадува.

Видео на денот