Сити во офанзива: Астон Вила ќе ја прифати понудата, следен е Кејн

EPA-EFE/Richard Heathcote

Се е подготвено за првиот од очекуваните два мегатрансфери на Манчестер сити.

Главна фудбалска вест во Англија утринава е дека Астон Вила е подготвена да ја прифати официјалната понуда на Манчестер сити од 100 милиони фунти (120 милиони евра) за капитенот Џек Грилиш. Втората главна вест е дека по Грилиш, Сити веднаш ќе тргне и по Хари Кејн.

Управата на Астон Вила одлучи да му дозволи на Грилиш да се пресели во Сити веднаш откако на нивна адреса пристигна понудата тешка 100 милиони фунти. Според „Скај спорт“ тренсферот ќе се реализира  во наредните 10-тина дена, а желбата на Пеп Гвардиола е се да биде готово пред 7 август кога Сити игра во Комјунити шилд против Лестер.

Кога ќе се реализира, овој трансфер ќе биде најголем во историјата на Премиер лигата, актуелниот рекорд го држи Манчестер јунајтед кој на Јувентус му плати 89 милиони фунти (105 милиони евра) за Пол Погба пред пред години.
Англиските медиуми најавуваат дека трансферот на Грилиш нема долго време да биде најголем бидејќи Сити се подготвува да тргне и во напад по потписот со Хари Кејн. Иако „Скај Спорт“ тврди дека се мали шансите да се реализира овој трансфер за толку брзо време, потенцира дека не смее да се отпише Сити кој може да ја понуди бараната сума за Кејн.

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, за својот капите бара помеѓу 150 и 180 милиони евра и поради тоа ја одби првата понуда тешка 120 милиони евра.
Но, според „Скај Спорт“, ваквата понуда била само за да се опипа пулсот на Леви и за очекување е да достават нова подобра понуда.

Видео на денот