12 C
Скопје

Сити со петарда до врвот на табелата во Премиер лигата

Манчестер сити како гостин го совлада ВБА со убедливи 5:0 во 20. коло од Премиер лигата.

Иако менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, не можеше да смета Кевин де Брујне и Серхио Агуеро додека Габриел Жезус не беше во првиот тим, неговите фудбалери без проблеми го декласираа претпоследниот тим на табелата.
Веќе по 20. минути игра Сити со головите на Гундоган и Кансело водеа со 0:2, а до крајот на првиот дел лидерот на табелата даде уште два гола преку Гундоган и Марез.

Во вториот дел, Стерлинг го постави конечниот резултат и со новите три бода, Манчестер сити изби на лидерската позиција на табелата со 41 бод, еден повеќе од градскиот ривал, Манчестер јунајтед.

Прочитајте и...  Надал открива дали размислува за пензија

Арсенал успеа да му се ревашира на Саутемптон за поразот од пред три дена во ФА Купот и сега славеше со 1:3 во Премиер лигата.
Саутемптон поведе во третата минута преку Армстронг, но одговорот дојде само пет минути подоцна кога Пепе ја искористи асистенцијата на Џака и израмни на 1:1.
До полувремето Арсенал успеа да направи пресврт благодарение на голот на Сака во 39. минута. Конечниот резултат го постави Лаказет во 72 минута.
По победата Арсенал се искачи на осмата позиција со 30 бодови, додека Саутемптон има бод помалку.

Поврзани вести

Германија не им попушта на фудбалерите, Ливерпул и Лајпциг ќе играат во Будимпешта

Слободен печат

Нов милионер во Sport Life – Мајсторија во Тетово со пет пара на тикет

СП.

„Ел Команданте“ уште две години на клупата на ПСЖ

Слободен печат

Барсагејт: Бартомеу пуштен од притвор

Слободен печат

Вајда ќе биде покрај Ѓоковиќ на Роан Гарос

Слободен печат

Мерцедес го претстави шампионскиот болид за новата сезона

Слободен печат

Остави Коментар