Сити пукна петарда против Саутемптон

epa09066226 Manchester City?s Kevin De Bruyne (4-R) celebrates with teammates after scoring 5-2 lead during the English Premier League soccer match between Manchester City and Southampton FC in Manchester, Britain, 10 March 2021. EPA-EFE/Clive Brunskill / POOL EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

По прекинот на неверојатната серија со поразот од градскиот ривал, Манчестер сити им се врати на победите и во натпревар од 33. коло во Премиер лигата со 5:2 го совлада Саутемптон.

Манчестер сити повторно одигра одличен натпревар, но повторно мораше да се „буди“ по гол на противникот. Гол серијата на „Етихад“ ја отвори Кевин де Брујне во 15. минута, но 10. минути подоцна „граѓаните“ беа шокирани со голот на Џејмс Ворд-Праус од пенал за 1:1.
„Светците“ потоа 15 минута одолеваа на нападите на домаќинот, по што Ријад Марез донесе водство од 2:1, а во судиското продолжение Гундоган зголеми на 3:1. Во второто полувреме Марез зголеми на 4:1 и ја завери победата на својот тим. До крајот на натпреварот, Че Адамс намали на 4:2, но точка стави Де Брујне со својот втор гол во 59. минута.
Манчестер сити е лидер на табелата со 68 бода, 14 повеќе од второпласираниот Манчестер јуајтед и 15 од Лестер кој е на третата позиција.

Видео на денот