Сити пукна „петарда“ и во Брајтон

EPA-EFE/Cath Ivill

Манчестер сити повторно забележа убедлив триум во Премиер лигата, со 0:5 го совладаа Брајтон. Ова беше трети натпревар во последните шест кола „граѓаните“ да победуваат со 5:0.

Сите дилеми околу победникот беа решени за нешто повеќе од половина час, од 21. до 57. минута кога беа постигнати четири гола.

Голеадата ја отвори Рахим Стерлинг во 21. мината и тоа беше првиот од неговите три гола на овој натпревар. о листата на стрелците се запишаа уште и Габриел Жесус и Бернардо Силва.


Манчестер сити со оваа победа го зацементира второто место на табелата со 72. бодови, додека Брајтон се наоѓа на 15. позиција со 36. бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот