Сити на „Етихад“ го носи наследникот на Меси

Хулијан Алварез / фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Манчестер сити се наоѓа пред комплетирање на трансферот на напаѓачот на Ривер Плата, Хулијан Алварез.

Иако се споменуваше дека Барселона ќе биде новиот клуб на Алварез, англискиот шампион е стабилен на финансиски план и може да ги исполни барањата и на фудбалерот и на неговиот клуб, поради што се очекува наскоро да се комплетира трансферот.

Со заминувањето на Феран Торес токму во Барселона, на „Етихад“ се ослободи место за напаѓач и изборот падна на „пајакот“ Хулијан Алварез кого аргентинските медиуми го сметаат за наследник на Лионел Меси.

Управата на Манчестер сити се обиде да го донесе веднаш, но Ривер Плата е против таа идеја и инсистира Алварез да остане до јуни во Аргентина, а нема против трансферот да се договори уште сега. Висината на трансферот се очекува да изнесува околу 20 милиони евра.

Интересно е што самиот Алварез неодамна за аргентинските медиуми откри дека има голема желба да игра во Европа, како и дека на неговата омилена игра на плејстејшн секогаш игра со само два тима, Барселона или Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот