Сити ја слави победата над УЕФА, нов договор за Гвардиола

фото/твитер

Славјето во Манчестер сити не престанува откако клубот успеа да ја „победи“ УЕФА во Судот за спортска арбитража во Лозана и ќе игра во ЛШ, а првиот чекор е нов договор за тренерот.

Челниците на Манчестер сити не чекаа многу и веднаш му понудија нов договор на менаџерот Пеп Гвардиола. Сè уште не се познати финансиските детали од договорот и единствено што се знае е дека станува збор за двегодишен договор.

Главната цел на Манчестер сити оваа сезона е освојување на Лигата на шампионите, а се наоѓаат на добар пат да обезбедат пласман во завршницата бидејќи имаат предност од 2:1 од првиот одминафинален дуел со Реал Мадрид.

Пеп Гвардиола е еден од најплатените тренери во светот, а последнава сезона во која Сити ја загуби шамионската титула во Премиер лигата ќе заработи неверојатни 20 милиони фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот