Сити ја губи титулата од 2014 година и останува без три ѕвезди?

„Граѓаните“ се фаворити и сезонава за шампионската титула/Фото: EPA-EFE/JAMES BOARDMAN

Доколку казната за Манчестер сити биде потврдена, тогаш последиците ќе бидат огромни.

Откако пред два дена Манчестер сити ја доби најлошата можна вест, дека е исфрлен од Лигата на шампионите на две години, денеска нов шок за тимот.

Доколку биде потврдена казната на спортскиот арбитражен суд во Лозана, „граѓаните“ освен што нема да играат во ЛШ, тие ќе загубат и 170 милиони евра во награди, ќе мораат да платат 30 милиони евра казна и да ја загубат титула во Премиер лигата од 2014 година.

Во случај на потврда на казната во Лозана, тогаш ќе мора да реагира и Англиската фудбалска федерација (ФА). Според англиските медиуми казната за Сити од страна на Премиер лигата и на ФА би била одземање на бодови од периодот од 2012 до 2016 година кога тимот ги прекршил финансиските правила.

Тоа значи дека титулата од 2014 година ќе им биде одземена и на зелена маса ќе му припадне на Ливерпул. Во 2014 година Манчестер сити триумфира во Премиер лигата со 86 бода, четири повеќе од второпласираниот Ливерпул. Медиумите шпекулираат дека казната би била одземање најмалку шест бодови, што значи дека титулата ќе му припадне на Ливерпул.

Сепак, тоа не е се за „граѓаните“, доколку се потврди казната во Лозана,тогаш клубот за западне во финансиски приблеми бидејќи ќе биде прекинат приливот на средства кои доаѓаат од Обединетите Арапски Емирати од каде се сопствениците на тимот, а тогаш би се повлекле и дел од спонзорите.

Тоа значи дека дека најдобрите фудбалери би си заминале од Манчестер сити. Освен менаџерот Пеп Гвардиола, на трансфер листата би биле тројцата најдобри играчи во секоја линија од тимот.

Ејмерик Лапорт, Кевин Де Брујне и Рахим Стерлинг би биле ставени трансфер листата за да се намалат трошоците на клубот кој ќе мора да функционира во рамките на финансискиот фер плеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот