Сити и Ливерпул во трка за потписот со Влаховиќ

Влаховиќ сезонава е најдобар играч на Фиорентина/фото: EPA-EFE/ETTORE GRIFFONI

Англиските премиерлигаши Ливерпул и Манчестер сити се најголеми фаворити за потписот со напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, пишува весникот од Фиренца, „Ла Национе“.

Влаховиќ и Фиорентина никако не можат да најдат заеднички јазик за потпишување на нов договор бидејќи актуелниот истекуваво 2023 година и со тоа го привлече вниманието на најголемите европски екипи бидејќи идното лето „виолетовите“ ќе мора да го продадат доколку сакаат да заработат на својот најдобар играч.

Италијанските медиуми шпекулираат дека српскиот репрезентативец ги одби сите понуди на Фиорентина за продолжување на соработката бидејќи сака да се пресели во Јувентус, наводно неговиот агент веќе имал неколку средби со челниците на „старата дама“.

Но, весникот од Фиренца, „Ла Национе“ пишува нешто друго, англиските премиерлигаши Ливерпул и Манчестер сити се фаворити за потписот со Душан Влаховиќ.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп сака да го ангажира Влаховиќ за кого смета дека заедно со Диого Жота би биле идеалниот тандем во нападот во иднина, додека Сити сака да ја засили конкуренцијата во нападот каде засега го има само Габриел Жесус.

Се очекува англиските екипи уште во зимскиот преоден рок да се обидат да дојдат до договор со Фиорентина по што и Ливерпул и Манчестер сити се подготвени да го остават Влаховиќ да ја доигра сезоната во Фиорентина и идното лето да се пресели во Премиер лигата.

Засега е непознато колкаво обесштетување ќе бара Фиорентина за својот најдобар играч, но тоа нема да биде мало доколку се знае дека во летниот преоден рок одби 70 милиони евра од Атлетико Мадрид и од Тотенхем.
Душан Влаховиќ одлично ја започна сезоната во Серија А, на девет натпревари постигна шест гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот