Сити и Челси се договорија, Стерлинг доаѓа на „Стемфорд бриџ“

Рахим Стерлинг од 2015 година настапува за Манчестер сити/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Англискиот репрезентативец наскоро ќе биде промовиран како нов нов фудбалер на Челси, пишуваат медиумите во Обединетото Кралство.

Според медиумите, Манчестер Сити наводно ја прифатил понудата на Челси тешка 45 милиони фунти, а фудбалерот веќе ги договорил личните услови со челниците од „сините“.

Според првичните неофицијални информаџии Стерлинг ќе стане најдоброплатен фудбалер на Челси и ќе заработува повеќе од 300 илјади фунти неделно колку што имал во Сити.

Во штотуку завршената сезона во која Манчестер сити ја одбрани титулата во Премиер лигата, Рахим Стерлинг одигра 30 од 38 натпревари, што е најмалку откако во 2015 година пристина на „Етихад“ од Ливерпул.

Се очекува Стерлинг да не биде единствениот фудбалер на Сити што ќе го засили Челси во летниот преоден рок бидејќи двата тима преговараат и за трансфер на дефанзивецот Нејтан Аке.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот