Сити чекор поблиску до казна од УЕФА
Европската фудбалска федерација (УЕФА) потврди дека случајот на Манчестер сити е проследен на Судската комисија која треба да даде конечна одлука. Претходно комисијата за финансиска контрола предводена од поранешниот белгиски премиер Ив Летерм спроведе контрола врз финансиското работење на англискиот шампион.
„Комисијата за финансиска контрола покрена истрага против Манчестер сити на 7 март 2019 година. Главниот инспектор по консултациите со сите членови на независното истражно тело, одлучи случајот на Манчестер сити да го предаде на Судската комисија со заклучоците повразни со истрагата“, стои во соопштението од страна на УЕФА.
Оваа одлука на УЕФА, предизвика остра реакција на англискиот шампион кој ги негира сите обвиненија.
„ Манчестер сити е разочаран но не и изненаден од одлуката на главнот истражител Ив Летерм. Информациите кои протекоа во јавноста беа индикатор, процесот да го надгледува г-дин Летерм. Манчестер сити е убеден во позитивен исход на овој случај кога ќе биде разгледан од независно тело. Обвинувањата за финансиски нерегуларности се лажни и сметаме дека Комисијата за финансиска контрола ги занемари доказите кои клуботи ги приложи. Одлуката на комисијата содржи грешка, погрешни наводи кои се без основа, а има и многу наразјаснети прашања кои ги постави клубот и затоа сметаме дека овој процес е крајно непријателски“, објави Манчестер сити.
Германскиот весник „Шпигел“ во серија текстови базирани на доказите од „Football Leaks“, го обвини Манчестер сити за кршење на финансискито фер плеј, за неправилности во сопственичката структура, располагање со парите на спонзорите и регрутирање на малолетни фудбалери.
Голем број на медиуми објавија дека Манчестер сити ќе биде казнет и ќе биде исфрлен од Лигата на шампионите.