Сити без проблеми го совлада Свиндон во ФА купот

„Граѓаните“ и со комбиниран тим беа пресилни за Свиндон/ фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Манчестер сити беа проблеми обезбеди пласман во 1/16 на ФА купот откако со 1:4 славеа на гостувањето кај Свиндон.

Сити настапи со комбиниран тим  но и покрај тоа забележа убедлив триумф. Резултатот беше отворен во 14. минута со голот на Бернардо Силва, а во 28 минута Габриел Жесус ја зголеми предноста на 0:2.

Во вториот дел, Илкај Гундоган погоди за 0:3 за три минути подоцна Жесус да промаши пенал.
Казната за промашувањето дојде во 78 минута кога Закарија Стефен го постигна почесниот гол за домашниот тим, а конечниот резултат го постави Кол Палмер во 82 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот