Сите здравствени предности на целерот

Целерот има бројни здравствени предности, затоа е и наречен нов ѓумбир.

Некои од сличностите на целерот и ѓумбирот е во тоа што обата имаат против-воспалителни својства и ја намалуваат надуеноста.

Во народната медицина целерот е одамна познат како лек против висок крвен притисок, а тоа го покажуваат и новите студии. Според новите истражувања, конзумирањето на целер значително го намалува холестеролот, спречува болести на срцето и го регулира крвниот притисок. Тој помага и во подобрување на пробавата и регулација на телесната тежина. Позитивно влијае на работата на црниот дроб, на кожата, очите и когнитивното здравје.

Во 100 грама целер има само 16 калории, а содржи бројни витамини, минерали, фосфор, железо, цинк, селен, калциум и магнезиум, рибофлавин и калиум.

Освен познатите предности на целерот, истражувањето потврдува нови вредности. Имено, целерот ја зајакнува хлороводната киселина во пробавниот систем, а на црниот дроб му помага полесно да ја разградува храната. Го снабдува организмот со минерални соли кои ја регулираат функцијата на нервниот систем, а истовремено ја стабилизира и надбубрежната жлезда. Еден од методите кои се препорачуваат за регулирање на штитната жлезда е токму внесот на сок од целер во тек на 90 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот