Сите зборуваат за смелото издание на војвотката: Кејт Мидлтон во фустан од чипка со гол грб (ФОТО)

Profimedia

Војводата и војвотката од Кембриџ синоќа беа главните гости на престижниот перформанс Ројал Варајати во лондонскиот театар Паладиум.

Profimedia

Кејт Мидлтон се појавила во необично гламурозно издание, а многумина забележија дека нејзиниот фустан неодоливо потсетува на оној што Меган Маркл го носеше пред една година.

Во фустан од чипка, со отворен грб изгледаше женствено и софистицирано.

Profimedia

Минатата година во име на кралското семејство на овој настан присуствуваа Меган и Хари, а многумина забележиле сличност меѓу двата фустани.

Со оглед на тоа што Кејт скоро секогаш носи кратки фустани, овој избор ја подгреа приказната дека инспирација пронашла во стајлингот на Меган Маркл.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот