Сите зборуваат за нејзиниот стајлинг: Викторија Бекам направи модна катастрофа! (ФОТО)

Profimedia
Фото: Профимедиа

Со своето појавување во една емисија, таа привлече големо внимание на јавноста. Поточно, нејзиниот стајлинг стана предмет на расправа на социјалните мрежи.

Многу фанови се разочарани со нејзиниот избор на гардероба. Навикнати сме да ја гледаме секогаш беспрекорно дотерена и скоро никогаш нема погрешено кога е модата во прашање.

Фото: Профимедиа

Токму поради тоа, Викторија ги вчудоневиди сите нејзини обожаватели, бидејќи таа вклопила неколку стилови и бои.

Имено, четириесетипетгодишната дизајнерка и сопруга на Дејвид Бекам се појави во црвено-син џемепер со жолти детали.

Фото: Профимедиа

Виолетовото здолниште со ваков крој не е за оваа комбинација, а по се изгледа не и било доволно шаренолико, па одлучила да облече и сини чизми. Косата ја заврзала во пунџа, а очилата и го криеја лицето.

Ви се допаѓа вака Викторија Бекам?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот