Сите зборуваат дека се здебелила: Ријана без фотошоп (ВИДЕО)

Instagram

Иако веќе цела деценија важи за една од најзгодните жени на светската јавна сцена, Ријана веќе две години води војна со килограмите.

Другата важна промена во нејзиниот живот е што музичката кариера ја стави на страна, а акцентот го стави на линиите за козметика и облека.

Интересно е што поп-ѕвездата трипати повеќе заработува од овие два бизниси отколку од музиката.

Бидејќи постојано се наоѓа на мета на критичарите поради килограмите, Ријана реши да објави видеоснимка на која може да се види како навистина изгледа.

Мислењата се поделени, па така, иако сите го забележуваат вишокот килограми, едни истакнуваат дека добро се држи, а други порачуваат дека треба да поведе сметка за килограмите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот