Сите засегнати страни да го поддржат пописот во 2021, порачува Делегацијата на ЕУ во земјава (ВИДЕО)

Јулијан Васало - заменик евроамбасадор

Пописот е многу важна алатка во рацете на земјата за време на пристапниот процес, вели во интервју за „Слободен печат“ заменикот шеф на Делегацијата на ЕУ, Џулиен Васало. Одговарајќи на прашањето кои се бенчмарковите кои треба да се исполнат пред отворањето на кластерот за правосудството во пристапните преговори тој, меѓу другото, вели дека сите засегнати страни треба да застанат зад иницијативата за спроведување попис наредната година.

– Во новата методологија се нагласува фундаменталниот кластер за правосудството, а првиот кластер што ќе биде отворен последен ќе биде затворен и токму имплементацијата на реформите од тој кластер ќе даде пас за продолжување на процесот. Бенчмарковите ги одредува Советот, но ако го гледаме Извештајот за земјата многу јасно се воочува каде е ставен акцентот, истакна заменикот евроамбасадор Васало.

Целосното интервју прочитајте го во печатеното издание на „Слободен печат“ во вторник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот