„Сите заедно во борба со канцерот“ – хуманитарен настан во Битола

Фото: Промо

Во организација на Викторија Брдаровска и Тамара Илиевска со поддршка од здружението „ВИКТОРИ“, во Општина Битола се одржа хуманитарниот настан „Сите заедно во борба со канцерот“ на плоштад „Магнолија“.

Хуманитарен настан Битола/Фото: Промо

По повод хуманитарниот настан, имаше и трибина на отворено на плоштадот „Магнолија“. На неа се обидоа да објаснат нешто повеќе за канцерот, превенцијата, лекувањето и сè останато, здравствени работници од Битола (психолозите Ана-Марија Петровска и Ирена Николовска-Ристановска и гинекологот Михајло Вангелов).

На овој настан исто така имаше и базар на кој се продаваа разни изработки, а продавачите најмногу беа од Битола, Прилеп и Скопје.

Хуманитарен настан Битола/Фото: Промо

На конкурсот за есеи, првото место припaдна на Ана-Марија Благојевска, второто место на Кристина Костадиновска, а пак, третото место на Викторија Трајковска.

Донациите на коса кои се собираа три месеци од Битола и од цела Македонија, па и од Франција, Италија и Турција, а од нив ќе се направат четири перики кои подоцна ќе бидат донирани таму каде што е најпотребно.

Хуманитарен настан Битола/Фото: Промо

Настанот беше заокружен со музички изведби на групата „Аманет“.

На настанот се обрати и градоначалникот Тони Коњановски кој ја пофали организацијата на настанот и рече дека на Општина Битола ѝ се потребни многу вакви настани, особено кои се организирани од млади луѓе како Викторија и Тамара.

Настанот привлече големо внимание од битолската и воопшто македонската јавност.

Викторија и Тамара им се заблагодарија на сите спонзори, поддржувачи, учесници, донори/ки на коса и на сите присутни гости.

*ПР/Комерцијална објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот