„Сите за МКЦ“: Над 1000 граѓани изразија незадоволство и потпишаа петиција

МКЦ / Фото: МИА

Под мотото „Сите за МКЦ“ и со настап на десеттина млади изведувачи денеска се одржа протест пред платото на Младинскиот културен центар на којшто беше изразено незадоволството од последните случувања со смена на директорот и намалувањето на буџетот. Организаторите „Гола планина колектив“ порачаа дека ова е собир за сите ентузијасти и љубители на независната култура, заеднички да го изразат незадоволството.

Пред платото на МКЦ се потпиша и петиција „За спас на МКЦ“.

Протестот се организираше како реакција на поставувањето на нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив. Алексов беше поставен за директор бидејќи поранешниот в.д. директор Ванчо Богоев не подлегнал на притисоците од генералниот секретар да потпише вработување за Арбен Шаќири.

Бидејќи, сега веќе екс директорот на МКЦ не ја потпиша таа одлука, од утре МКЦ има нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција. И покрај признанието кое дојде како круна на нашето работење со наградата “13 Ноември” за заслуги во областа на културата и масовната посетеност, можеби и најголема во историјата на институцијата по повод 50 годишниот јубилеј, годината почна со лоши вести за иднината на МКЦ. Првата е онаа дека буџетот ни е доведен до само 8% од годишниот буџет со кој работевме минатите години, а веднаш потоа и последните случувања во начинот на инсталирање на директор во МКЦ – велат од Програмскиот колегиум.

Пред само дваесетина дена Младинскиот културен центар во Скопје гордо прослави 50 години од основањето. Неколку илјади посетители на целодневната јубилејна програма на екипата на МКЦ им порача да продолжат да работат со истото темпо и динамика и во следните 50 години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот