„Сите за МКЦ“: МКЦ не е уште една државна институција заборавена во времето

Со извици „Сите на МКЦ“, уметници, музичари и активисти го изразија револтот кон Град Скопје во врска смената на в.д. директорот Богоев и кратењето на буџетот за програмата за оваа година.
Како што претходно најавија, целта на овој протест е да се покаже културата и историјата на МКЦ, односно дека „МКЦ не е само уште една државна институција заборавена во времето“, МКЦ е институција што го следи развојот на уметноста, активно делува и организира настани.
Истовремено градоначалничката на Град Скопје одржа прес-конференција и изјави дека е дезинформација тоа дека буџетот на МКЦ е скратен за 90 отсто.
– Ова што е внатре во МКЦ нема врска ниту со култура, ниту со одбрана на културата. Има врска со одбрана на човек што злоупотребувал финансиски средства, ако не ви е доволно тоа што има склучено над 90 договори што ќе треба да ги оправда, вели Арсовска.
Вели дека никој не е разрешен, туку истечен е договорот. Градоначалничката побара и извинување од поранешниот директор на МКЦ во спротивно, најави тужба.
Програмскиот колегиум на МКЦ ги демантираше изнесените ставови на прес-конференцијата на Арсовска и велат дека истите се предмет на клевета согласно законските прописи.
– Најостро ги демантираме изнесувањата на прес конференцијата кои содржат тешки инсинуации, неосновани обвинувања и податоци, како и непоткрепени информации целосно извадени од контекст.
Истите тие се предмет на клевета согласно законските прописи и нивна цел е целосно нарушување на интегритетот на институцијата и вработените кои се предмет на овие обвинувања, се вели во соопштението.
За таа цел, свикаа итна прес-конференција во Младински културен центар в петок во 10 часот.
Директорот на МКЦ со детективски способности: Нови брави за старата документација
„Сите за МКЦ“: Над 1000 граѓани изразија незадоволство и потпишаа петиција