Сите војници кои беа повредени во вчерашната сообраќајка се пуштени на домашно лекување

Ниту еден од повредените припадници на Армијата во вчерашната сообраќајна несреќа не е задржан во штипската Клиничка болница. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА изјави дека сите повредени се испратени на домашно лекување.

Според лекарите кои вчера ги прегледуваа 16 припадници на Армијата,  возачите на автобусот и на комбито се со телесни повреди, вообичаени набиеници и скршеници.

Повредените војници се надвор од животна опасност, моментално траат прегледите и снимањата

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова истакна дека сега ќе се чека да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.

Несреќата се случи вчера пред седум часот на патот Радовиш-Штип кај местото викано „Осми километар”, при судир на автобус и комбе. Припадниците на Армијата со автобусот патувале од Радовиш и Струмица,  кон работните места во касарните во Штип и Скопје.

Во сообраќајката на патот Штип-Радовиш се повредени 17 припадници на Армијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот