СИТЕ ВО ВИЛА ВОДНО: Многу кандидати за кабинетот на Пендаровски

Новиот претседател на државата Стево Пендаровски на првиот работен ден во резиденцијата на Водно имаше средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар како и голем број состаноци поврзани со формирањето на неговиот кабинет.

Засега е познато дека портпарол на Пендаровски ќе биде Катерина Цаневска Арсовска, која досега работеше во кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Меѓу оние за кои се шпекулира дека ќе биде дел од кабинетот е и актуелниот владин портпарол Миле Бошњаковски.

Засега извесно е дека на местото на досегашниот генерален секретар Борис Јосифовски ќе дојде нов човек, но не се знае дали тоа ќе биде Тоше Зафиров кој беше дел од тимот на Пендаровски за време на изборите. Меѓу имињата на советниците кои ќе го советуваат Пендаровски се споменуваат и Виктор Димовски, кој сега е државен секретар во Министерството за надворешни работи. Дали е точно дека може да стане дел од тимот на новиот претседател го прашавме Димовски, но тој ниту потврди, ниту демантираше. Александар Спасов кој во моментов е на листата на надворешни советници во Владата исто така се очекува да се пресели во Вила Водно.

Инаку во кабинетот на Иванов има девет советници, двајца за меѓународна политика, исто толку за внатрешна политика, по еден за протокол, одбрана и безбедност, воени прашања, меѓунацонални односи, аѓутант.

Исто така се очекува новиот претседател да ги проветри и двата совети како и четирите комисии кои исто така се дел од неговиот кабинет.

Инаку, според неофицијални информации, Пендаровски, иако службено почна да ја користи резиденцијата, тој се уште не е таму преселен со своето семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот