Сите тела на загинатите од британскиот „ладилник на смртта“ пристигнаа во Виетнам

Фото: Профимедиа

Телата на 39 Виетнамци кои беа пронајдени во камион во близина на Лондон минатиот месец се вратени во Виетнам, со што се заврши трагичната приказна која сериозно ја вознемири руралната заедница во оваа земја на југоистокот на Азија.

Телата со авион се префрлени на аеродромот „Нои Баи“ утринава, пренесоа локалните медиум. Седум тела се кремирани во Британија. Првите 16 тела во средата пристигнаа во Виетнам.

Вознемирувачкото пронаоѓање на мигрантите минатиот месец на индустрискиот имот во близина на Лондон, кој е „магнет“ за виетнамските мигранти, фрли ново светло на шверцувањето на луѓе во Азија, Африка и Блискиот исток.

Полицијата во Виетнам уапси десетина луѓе кои беа поврзани со загинатите. Во понеделникот, британскиот возач призна дека направил завера и овозможил незаконска имигранција и стекнал имот од криминал.

Семејствата за транспортот на телата ќе мораат да платат 2830 долари по лице.

Луѓето заминуваат од Виетнам поради сиромаштијата, лошите услови за работа и еколошките катастрофи.

Родител на еден од загинатите во оваа голема несреќа рече дека неговиот син тргнал кон Велика Британија „со надеж за подобар живот“.

– Не знам како да ви опишам колкав губиток е ова за моето семејство. Но, враќањето на неговто тело ќе ја ублажи болката – рече вознемирениот родител за локалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот