Сите таргетирани од УБК ги слушал Мијалков

Сашо Мијалков
Сашо Мијалков / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Сашо Трајковски, сведок во процесот на „Таргет Тврдина” на СЈО на денешното рочиште откри како дознал дека бизнисменот Велија Рамкоски бил прислушкуван, а исто така и група новинари.

За сите прислушкувани со судска или без судска наредба директен пристап според сведокот имал компјутерот од канцеларијата на екс-директорот на УБК, обвинетиот Сашо Мијалков.

– Имаше технички дефект во опремата „Најс“. Бев повикан да интервенирам. Видов на листингот код со име „Лијаве”. Кога го активирав тој таргет, соговорникот на таргетираниот рече „Добар ден, Рамкоски”. Така дознав дека таргет е Велија Рамкоски – рече сведокот Трајковски.

Запрашан од Мијалков како тоа од 20.000 таргети баш овој најдовте да го кажете денес, сведокот изјави дека за тој таргет денеска прво му текнало. Тврдењето на Мијалков за 20.000 таргети ја разбранува судската сала, на што на таа бројка реагираа од судскиот совет и од СЈО.

Сведокот, инаку вработен во УБК, рече дека кодираните имиња на новинарите кои ги слушала УБК биле имиња со измешани слогови. Мијалков го праша сведокот зошто при вакви проблеми во системот не ги употребувал броевите наменети за тестирање? Сведокот Трајковски рече дека така немало да открие дека нелегално се прислушува.

Тогаш Мијалков го праша зошто не пријавил кога дознал дека нелегално се прислушува? Сведокот пак рече дека не се осмелил да пријави кај него. Тој појасни дека нелегалните таргети кои биле ставени под „важно“, оделе во компјутерот во неговата канцеларија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот