Сите спортисти ќе се тестираат пред почетокот на сезоната

фото: ФК Работнички

Како што информира министерот за здравство, Венко Филипче нема да се иницира нешто што може да го загрози здравјето на спортистите…

Фудбалската федерација на Македонија и членовите на Комисијата за заразни болести донесоа одлука да бидат тестирани сите спортисти пред почетокот на сезоната, како и сите вклучени во текот на тренинзите.

Како што информира министерот за здравство, Венко Филипче нема да се иницира нешто што може да го загрози здравјето на спортистите.

Во ФФМ било разговарано и потврдено дека пред почетокот на сезоната ќе се истестираат сите коишто се дел од тој тренинг и процес на одржување на натпреварите.

Тогаш од страна на Институтот за јавно здравје е излезено во пресрет дека ќе ги извршат сите тестирања. Значи тој процес бил на тој начин договорен и секако, нема да се продолжи ниту пак да се иницира нешто што може да го загрози здравјето на спортистите – рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали останува препораката да има тренинзи во групните спортови, со оглед на тоа што во „Шкендија” се потврдени два позитивни случаи на Ковид-19.

Освен во ФК Шкендија, како што објави и Синдикатот на фудбалери на Македонија, позитивни случаи има и во фудбалскиот клуб Ренова, а тестирања направија и останатите прволигашки клубови.

Исто така донесена е одлука да започнат индивидуалните спортови како тенис, а во однос на тестирањата за групните спортови, тоа е договорено на состанокот меѓу Федерацијата и Комисијата за заразни болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот