СИТЕ СЕ ЗБУНЕТИ: Дали Руни игра за Манчестер јунајтед? (ВИДЕО)

twitter.com/bet365

Англискиот напаѓач во 2004 година од Евертон се пресели во редовите на Јунајтед за 37 милиони евра и оттогаш одигра 559 натпревари за овој клуб, и постигна 253 голови.

Руни стана легенда на „Црвените ѓаволи“, а во 2017 година одлучи да се врати во Евертон, каде помина една година пред да направи трансфер во САД. На почетокот од месец август донесе одлука да се врати во Англија, па така потпиша договор со Дерби Каунти каде што ќе ја има улогата на играч-тренер од јануари 2020 година.

Сепак, овие денови многу навивачи на Манчестер јунајтед беа збунети откако забележаа еден интересен детал од натпреварот на младиот тим против Лестер.

Играчот на Јунајтед постигна одличен гол од слободен удар, а многумина кои го гледаа од зад грб и сите како да помислија дека станува збор на Руни поради сличната фризура.

Но, стануваше збор за младиот фудбалер Марк Хелм, но тоа не им пречеше на фановите на Јунајтед на социјалните мрежи да се пошегуваат на сметка на легендарниот Руни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот