Сите се опремени со фрижидери, шпорети и правосмукалки, но две третини од домаќинките рачно мијат садови

Бела техника фрижидери во продавница / ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Меѓу интересните статистички податоци е и оној дека без разлика на евтината гардероба, во 13,3 отсто од домаќинствата понекогаш се „открива“ и машината за шиење, колку да се закрпи, или подврати некое алиште. Интересно е дека гитара свират само 0,5, а клавир дома имаат само 0,6 отсто од граѓаните

Речиси секое македонско семејство лани имало телевизор во боја (96,3 отсто), но од црно-белиот „прозорец кон светот“ не се откажале 1,4 отсто од граѓаните. МАК-стат базата за трајната снабденост со добра, покажува и дека Македонците не заостануваат во комуникациите и 87,8 отсто имаат некаков мобилен телефон, но помалку од 50 отсто дома работат на персонален компјутер поврзан на Интернет (48,6 отсто). Радиото се слуша во една петтина од семејствата (19,8 отсто), а само 12 отсто слушаат музика на Хај-фај музички уреди. Со свој автомобил може да се пофалат 56,5 отсто од граѓаните, велосипед имаат над 37 отсто, а мотор само 6 отсто од граѓаните.

Добрата снабденост со трајни добра во 2022 година се огледува низ фактот дека во 96,3 отсто од кујните се готви на електричен шпорет, а еден процент помалку имаат машини за перење и пегли (95,4 отсто). И фрижидери и бојлери имаат сите (99,5 отсто), но само 64,1 отсто длабоко замрзнуваат производи. Македонските жени веќе одамна не користат метли, а правосмукалките брмчат во 90,5 отсто од домаќинствата, но за жал само една третина од домаќинките (32,1 отсто) не губат време во миење садови и за таа намена ги користат соодветните машини.

Без разлика на стратегиите за почист воздух, лани во 63,8 отсто од домаќинствата се готвело и греело на шпорети на цврсто гориво, една четвртина се топлат на печка на цврсто, а со секакви видови на електрични печки дури 37,2 отсто. Некогашните нафтарици ги чуваат уште 1,8 отсто од домаќинствата. Меѓу интересните статистички податоци е и оној дека без разлика на евтината гардероба, во 13,3 отсто од домаќинствата понекогаш се „открива“ и машината за шиење, колку да се закрпи, или подврати некое алиште. Интересно е дека гитара свират само 0,5, а клавир дома имаат само 0,6 отсто од граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот