СИТЕ САКААТ ДА ЖИВЕАТ ВО ГЕРМАНИЈА: До 2040 година 35 отсто од жителите ќе бидат со мигрантско потекло

Фото: Профимедиа

Германска медиумска куќа „Дојче веле“ објави текст со насловот „Во Германија за 20 години секој трет човек ќе има мигрантски корени“, во кој се наведува дека во блиска иднина во големите германски градови и до 70 отсто од жителите ќе бидат доселеници. Меѓу нив ќе има многу Балканци, а особено Хрвати, со оглед на тоа дека тие се трети на листата на доселеници во земјата.

На прво место, според податоците на Сојузната канцеларија за статистика, се доселениците до Романија, со тоа што во 2018 година 68 илјади Романци дошле да живеат во Германија. На второ место се Сиријците (34.000), па следат Хрватите (28.855), Бугарите (26,837), за на петтото место да бидат Полјаците (20.228).

„Дојче веле“ се повикува на ескпертот за мигранција Херберт Брекер, шеф на одделот за миграција во Сојузниот институт за истражување на вработувањето (ИАБ), кој прерачунал дека до 2040 година 35 отсто од жителите на Германија ќе бидат од мигрантско потекло, и дека Германија ќе мора да привлече доселеници за да остане економски успешна.

Експертот предупредува дека Германија „го исцрпила базенот за доселување кој го имала во јужна и источна Европа“ и дека треба да се „сврти кон други земји“.

ИАБ исто така прерачунале дека на Германија до 2060 година ѝ се потребни околу 400 илјади доселеници секоја година за да се спречи успорување на растот на економијата. Исто така, на Германија ѝ се потребни образовани работници кои ги имаат потребните вештини за вршење на својата работа, истакнуваат од Институтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот