Сите ракометари на Е. Пелистер негативни на коронавирус, тренерот Бабиќ со комплетен тим против Гудме

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одработија последниот тренинг пред заминувањето во Данска, каде екипата во вторник ќе го одигра својот прв натпревар од Д групата на Лига Европа.

По вчерашните негативни тестови на ковид-19, тренерот Жељко Бабиќ доби уште една позитивна вест. Цела недела екипата тренира во полн состав и хрватскиот стручњак со најсилниот ростер ќе патива за Гудме.

Битолчани утре напладне со лет за Малме, па автобуски превоз до Гудме ќе пристигнат во Данска. Во вторник наутро предвиден е лесен тренинг и прв контакт со салата каде ќе се одигра натпреварот. Овој дуел е премиера за пелистерци, а ГОГ Гудме веќе го одигра првиот натпревар во групата, откако во вторникот загуби во Швајцарија од Кадетен Шафхаузен со 29-28.

Прочитајте и...  Се налутил бидејќи не седел на омиленото место во автобус и клубот го исфрли од тимот за ЛШ

Поврзани вести

ЛШ: „Ранетите“ великани Интер и Реал бркаат спас во елитата!

Слободен печат

ВИДЕО: Директор на фудбалски стадион во Украина заврши во контејнер за ѓубре!

Слободен печат

Богдановиќ ќе ја продолжи кариерата во Атланта хокс!

Слободен печат

Алушовски: Голманите можат многу повеќе, не сме без шанси во Кјелце!

Слободен печат

ВИДЕО | Тантуровски: Хокејот во Македонија има традиција, потребна ни е затворена арена

Слободен печат

ЛШ: Мората го спаси Јувентус од срам, Халанд е вистинска гол машина (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар