Сите предности и мани на спиењето на стомак, грб и на страна

Добриот сон го јакне имунолошкиот систем, дава енергија и ја зголемува концентрацијата, а во тоа голема улога има и положбата на спиење. Така спиењето на страна го штити ‘рбетот, а сонот на стомак го намалува притисокот на дисковите.

Спиење на грб: Одлично за грбот, лошо за оние што ‘рчат

Спиењето на грб штити од болка во ‘рбетот и во вратот. Најдобар избор e за здравјето на внатрешните органи, а помага и кај слабеењетo. За ‘рбетот да биде во правилна положба најдобро е под колената да ставите перница како потпора. Меѓутоа, оваа положба не се препорачува за луѓето кои ‘рчат затоа што само ќе се влоши нивната состојба. Јазикот паѓа во долниот дел на грлото и ги затвора дишните патишта поради што ‘рчењето е уште поинтензивно.

Спиење на страна: Одлично за дишењето, лошо за лицето

Спиењето во положба на фетус или спиењето на страна ја спречува појавата на болки во грбот затоа што ја следи природната закривеност на ‘рбетот. Најважно е главата да биде на иста рамнина како и телото, односно на перницата, бидејќи во спротивно би можеле да го искривите вратот и да го расипете држењето.

Исто така, оваа положба го олеснува дишењето и напнувањето на стомакот и ја ублажува ждригавицата. Најдобар избор е за сите оние кои ‘рчат, но мана му е тоа што предизвикува брчки. Кожата постојано е потпрена на перницата што предизвикува збрчкување и пукање.

Спиење на стомак: Добро при болката во долниот дел од грбот, лошо за ‘рбетот

Повременото спиење на стомак ги ублажува болките во долниот дел на грбот бидејќи го смалува притисокот на дисковите на ‘рбетот. Во тој случај може да ви помогне.

Но, стручњаците истакнуваат дека оваа положба е најризична за грбот. Спиењето на стомак го израмнува природно искривениот долен дел на грбот, а главата цело време е во иста положба што неповолно влијае на цервикалниот ‘рбет. Затоа се создава притисок на нервите, поради што по будењето можно е трнење и губиток на чувството во рацете и нозете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот