Сите политичари од власта ракоплескаа на ист настан (ФОТО)

Фото: Д.Митрески

Во скопсаката населба Капиштец денеска се случи голем настан, се пушти во функција ново училиште кое го носи името на првиот претседател на државата Киро Глигоров. Новото училиште е многу важно за жителите на оваа скопска елитна населба, бидејќи иако Капиштец е голем со многу жители сепак немаше ниту едно основно училиште и со години се зборуваше за овој проблем, но никако не се решаваше.

 

Фото: Д.Митрески

Зачуди малку интересот што овој настан го предизвика кај политичарите. Иако стандард декор за сечење лента на училиште е премиерот, министерот за образование и градоначалникот, сепак денеска се чини дека нема политичар од власта што не отишол на отворање на ова училиште. Таму присуствуваа речиси сите министери, од кај што немаше министри имаше заменик-министри,  градоначалниници, пратеници, директори. Некои од нив мирно си уживаа во настанот, некои правеа консултациисо премиерот за теми важни за државата, а некои пар како министерската за правда Рената Десковска на која и гори под нозе заради законот за СЈО и на настанот работно со телефонот в рака, течат консултации со ВМРО-ДПМНЕ.

Несомнено следната година е изборна, ама се чини како сите да се спремаат за избори малку порано од редовниот термин.

Фото: Д.Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот