СИТЕ ПОГРЕШНИ ВЕРУВАЊА за домашниот тест за бременост

Profimedia
Фото Профимедиа

Тестот за бременост кој се купува во аптека и се изведува во домашни услови е едноставен и лесен за употреба, а во денешно време може да се каже дека е и над 99% точен.

Без оглед на тоа што е проследен со јасни упатства за употреба и со прецизни објаснувања како се толкува резултатот, постојат и многу нејаснотии во врска со него.

Многу жени ги имаат овие погрешни верувања за тестовите за бременост:

Можат веднаш да потврдат бременост

Овие тестови реагираат на бета-ХЦГ, односно неговото покачување во урината, што најчесто е знак на бременост. Но, кај некои жени не се лачи веднаш по зачнувањето и ако прерано го направат, може да имаат лажно негативен резултат. Некогаш можеби и треба да поминат две до три недели за тестот да покаже позитивен резултат.

Ништо не може да даде лажен резултат

Ниту храната, ниту стресот, па дури ниту пороците не можат да влијаат врз нивоата на ХЦГ откако настанало зачнувањето. Но, постојат одредени лекови, особено оние кои се поврзани со лечење неплодност или пак хормонални терапии поврзани со репродуктивниот систем, кои може да дадат неточни резултати.

Постојат природни тестови што може да утврдат бременост

Дури и најевтиниот тест достапен во аптека е порелевантен во споредба со „бабините деветини“ и природните тестови за бременост, како што е додавањето сода бикарбона во утринската урина, нејзиното мирисање и чекањето да се појават меурчиња откако ќе отстои еден час.

Некои тестови може да го откријат полот

Во урината не постои никаков индикатор што ќе го открие полот на бебето. Нивоата на ХЦГ растат пропорционално на стадиумот на бременоста без разлика на полот на бебето. Тој најчесто се утврдува при гинеколошките ултразвучни прегледи околу четвртиот месец од бременоста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот