Сите ние сме едни просечни македонски ракометари - Слободен печат

Сите ние сме едни просечни македонски ракометари

Така, некако, ракометот доаѓа како извонредно згоден спорт за лечење на нашите колективни историски комплекси и национални фрустрации: постојано мора да бидеме „збиени“ за да ги совладаме предизвиците; борбата е директна, валкана и бара јуначка „интервенција“; помалку е важно да ги надиграме, отколку да ги надмудриме противниците; импровизацијата е поважна од дисциплината; храброста е поважно од кондицијата; а историската неправда од страна на „судиите“ кон нашата национална судбина е општо место во македонскиот национален менталитет!

Да направиме една џепна, но амбициозно-ненаучна анализа, за најважното прашање за опстанокот на македонската нација денеска: Сте се запрашале ли некогаш зошто, баш, ракометот е „националниот спорт“ на Македонците?

Зошто таа игра на мал терен, во близок и интензивен контакт со противникот, со многу насилни пробивања, штипења и удари под појас, со кратки додавања и неопходност од постојана итрина во потезите, е спортот со кој најмногу се идентификува овдешната спортска нација? Спорт во кој судиите со своите арбитрарни одлуки, можеби повеќе од сите други екипни спортови, можат да ја решат судбината на секој натпревар? Но и спорт во кој, релативно почесто од некои други спортови, индивидуалните одлуки и перформансите на еден-двајца играчи можат да го решат натпреварот? Во кој дури и ако имате десетина килограми повеќе, можете да направите голема кариера на позиција на голман или во пеливанската борба на линијата од шест метри…

Прочитајте и...  Село гори, баба на фризер

Зошто не успеваме во елеганцијата на тенисот? Во интелигенцијата неопходна за играње кошарка? Во тимскиот „долгометражен“ напор неопходен за фудбалот? Или во убавината на одбојката и пинг-понгот, каде дури и нема никаков допир со противникот? … Атлетика?

Зошто, баш, ракометот?

Спортот, што е социолошка аксиома, е дел од културниот идентитет на една нација. Спортското навивање е еден вид на „секојдневен национализам“ кој го засилува чувството на групната припадност.

Кога нацијата, како и нејзиниот културен модел, е така мала како македонската, нормално е човек да помисли дали големите разочарувања по поразите или епските воспевања на спортските успеси и вон нивниот спортски контекст не се, всушност, дел од несигурноста и потиснатиот страв за опстанокот на тој национален идентитет; и за постојаната потреба за потврдување на тој идентитет и низ спортот?

Така, некако, ракометот доаѓа како извонредно згоден спорт за лечење на нашите колективни историски комплекси и национални фрустрации: постојано мора да бидеме „збиени“ за да ги совладаме предизвиците; борбата е директна, валкана и бара јуначка „интервенција“; помалку е важно да ги надиграме, отколку да ги надмудриме противниците; импровизацијата е поважна од дисциплината; храброста е поважно од кондицијата; а историската неправда од страна на „судиите“ кон нашата национална судбина е општо место во македонскиот национален менталитет!

Прочитајте и...  Меркел: Во март сакаме започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Сите нè мразат – ама ние, на крајот, од инает ќе триумфираме!

Резултат: ракомет! Шеесет минути есенцијален патриотизам, сосе развеаните знамиња од Кутлеш, селските зурли и тапани и фејк „шлемовите“ на Александар! Од играчите се бара на теренот да го остават „срцето“ и „душата“, бидејќи спротивното, ни помалку, ни повеќе, е директен доказ за пораз или за опстанок на самата нација!

Е, сега, кога оваа хај-хуј, високо емотивна јужњачка спортска инспирација, потпрена врз неколку врвни индивидуални играчки квалитети, ќе се судри со концентрираната, дисциплинирана, воедначена, навежбана „машина“ на европските ракометни репрезентации „северно од Виена“, плус и нивните индивидуални играчки квалитети – јасно ви е, во просек, кои ни се шансите не за повремена победа, туку за турнирски врвен резултат?

Прочитајте и...  Славевски: Изборната платформа на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и деновиве ќе биде промовирана

Репрезентативниот спорт е продолжение на националната политика со други средства, сфатена во нејзиниот општествен тоталитет. Зошто – ултимативно! – очекуваме од нашите ракометари да бидат подобри од нашиот општ, национален просек? Да бидат подобри од нас?

Ајде, бидете искрени кон себе и запрашајте се: би освоиле ли вие, во професиите во кои работите или во средините во кои живеете, каков било европски тимски натпревар, во што било?

Еве, за да ви биде помалку непријатно, јас самиот признавам: во мојата професија, новинарството, македонската екипа не би се пробиле ни во квалификациите за извлекување на лотарија за учество во второто коло…

Прочитај повеќе

ИД повикува да се напаѓаат Евреи и еврејски населби

Слободен печат

ХЕРА: Насилството не започна, ниту пак ќе заврши со постоењето на групата „Јавна соба“

Слободен печат

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг- итни мерки на Град Скопје

Слободен печат

Епидемиолози ќе ги пречекаат кинеските туристи кои пристигнуваат во Србија

Слободен печат

Четириесет официјални претставници ќе му поднесуваат извештај на Борис Џонсон за ЕУ

Слободен печат

Поради недоволен број на жени, оспорени овластувањата на македонската собраниска делегација во Стразбур

Слободен печат

Остави Коментар

thirteen + 20 =

Прочитај повеќе

Жртва на „Јавна Соба“: Државата да ги казни тие што ми го нарушија угледот!

Мирослава Бурнс

Стапуваат на сила препораките и мерките за загадување во Скопје и Тетово

Слободен печат

Расте бројот на работници на „црно“ увезени од странство

Богдановиќ: Во стариот ДУП за Треска е предвиден станбен и деловен комплекс

МНР информира дека нема ниту еден Македонец во Кина заболен од коронавирусот

Слободен печат

Фрчкоска: Задоволни сме од исказот на Стефанова

Слободен печат