Сите компјутери во Анже останаа парализирани по кибер напад

Сајбер напад / Фото: МИА

 Францускиот град Анже од саботата е жртва на кибер напад што ги парализира сите негови компјутери. Нападот е обелоденет на профилот на Фејсбук на градот„Ноќта меѓу петокот и саботата кибер нападот беше насочен кон информацискиот систем на градот Анже, јави дописникот на МИА.

Од саботата наутро, екипите на управата на градскиот информативен систем во соработка со Националниот орган за безбедност на информациски системи (АНССИ) воспоставија протокол за создавање резервна копија и обновување на системот”, додаде градот, прецизирајќи дека овој процес на обновување „ќе биде долг и ќе влијае на услугите што им се даваат на жителите на градот и метрополата и бараат употреба на компјутери”.

Анже посочи дека кибер нападот почнал со хакирање на Твитер профилот на градоначалникот Кристоф БешиНеговиот профил се уште е недостапен, со профилна фотографија од раката на тетовиран човек. Градоначалникот не сакаше да зборува на оваа тема.

 Се уште немаме пристап до компјутери, експертизата продолжува, додаваат од метрополата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот