Сите ја знаеме БРИЖИТ МАКРОН, а ова е нејзината преубава ќерка
За Лурон Озиер, која е ќерка на првата дама на Франција, Брижит Макрон, често се пишува дека во младоста била вљубена во нејзиниот сегашен очув.
Таа и Емануел Макрон се соученици од средно училиште, а нивните останати сокласници тврдат дека таа често зборувала за него и дека очигледно ѝ се допаѓал.
Помладата ќерка на Брижит, Тифен Озиер, за документарецот „Брижит Макрон: Француска новела“, раскажала шокирачки детали за врската на нејзината мајка со 24 години помлад маж.
Таа вели дека сестра ѝ Лурон често зборувала за соученикот Емануел, а потоа тој почнал да доаѓа кај нив, но не кај соученичката, туку кај професорката Брижит, која предавала француски јазик и ја водела драмската секција. Тифен вели дека веднаш била видлива хемијата меѓу мајка ѝ и соученикот на сестра ѝ, а тоа го забележал и нивниот татко, кој се преселил во Лил.
Емануел првпат ѝ изјавил љубов на Брижит кога имал 16 години. Неговите родители побарале од неа да не се гледаат, но Брижит им рекла: „Не можам ништо да ви ветам“.
Текот на приказната го знаеме, во 2006 Емануел ја запросил Брижит, а таа била загрижена дека е престара за него. Во многу наврати првата дама на Франција велела дека е свесна колку ги повредила своите деца, но дека ако го испуштела Емануел, тогаш ќе се откажела од целиот свој живот.
Таа не учествува во документарецот, во кој учество земаа нејзините деца и најдобрата пријателка од младоста.